Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Блиску сме до конечно решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда, очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први

Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во Парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека на денешната Владина седница има една одлука којашто треба да се донесе во делот на позитивна оцена на работењето на АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, поврзана со еден чекор околу максималниот процент на количина на електрична енергија што треба да биде доставена до снабдувачот и мислам дека таа ќе се донесе. 

– Сите оние законски решенија коишто се дел од Реформската агенда се или во Парламентот како резултат на тоа што ние како Влада ги доставивме, или е како група на пратеници амандмански интервенирано. ​Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26-ти е закажана собраниска седница. Ќе има ден, два, три за фино нивелирање. Рокот е 30 јуни, но сега секогаш искуството вели може и до 15-ти јули. Нормално некои документи да се достават, да се дополнат, да се одземат и така натаму, но еве ајде да речеме 30 јуни. Ние очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први, како што тоа беше во декември, но ајде да почекаме да видиме каков ќе биде Извештајот од страна на Европската комисија, изјави Мицкоски.