Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно е да покажеме единство за Македонија и за клучните прашања

Премиерот Христијан Мицкоски во своето интервју за ТВ Алфа говореше за потребата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во своето интервју за ТВ Алфа говореше за потребата од политичко единство во Македонија, особено во периоди на криза. Според него, иако има разлики со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, важно е политичарите да испратат порака на обединување, особено кога станува збор за клучни прашања за земјата.

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, но немаше конкретен план или конкретна реторика како што би било вообичаено, со чекори и конкретни решенија. Наместо тоа, побараа инклузивен процес. Јас како политичар и човек, сметам дека треба да привлекуваме од сите слоеви на општеството – интелектуалци, невладини организации и политички партии кои можат да помогнат во процесите“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека важноста на политичкото единство и обединување во услови на емотивна и тешка состојба на населението е клучна. „Политичарите треба да испратат порака дека не се водат од ниски страсти и политиканство, туку дека може да покажат ширина и одговорност во комуникацијата со јавноста“, додаде Мицкоски. На крајот, тој остави на јавноста да процени дали неговата одлука за лидерска средба со Филипче беше правилна или не, но посочи дека во моменталната ситуација во Македонија таква средба е неопходна.