Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека се откажува од набавка на нов авион по критиките од опозицијата, но нагласи дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на средба му рекол дека за таа тема нема да ја критикува Владата, бидејќи утре ќе биде друга влада, а воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни потреби.
Но, Филипче не си стои на зборот. Според Мицкоски, владиниот авион е во возна состојба, а иницијативата за набавка на нов потекнала од лицата кои го управуваат леталото.
