Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува повереници во општините. 

-Се е можно, можно е гласчкото ливче да биде 7 –  8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука закам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорнто однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во изградба на градинка во Драчево.

Тој запрашан кога ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советите во општините рече дека тоа ќе се случи до крајот во предвидените рокови до крај на овој и почетокот на следниот месец.

Реклама

– Пет-шеснаесет општини кои останаа мислам дека ќе ги комплетираме до крајот на месецов. Во првата  недела од септември, од 1 до 5 септември ќе имаме состанок на ИК и на ЦК на партијата така што тогаш ќе ги комплетираме сите овие непознаници од аспект на градоначалници советници. Последниот рок е 13 септември, рече Мицкоски.

Прашан дали има вистина во кулоарските гласини дека ќе го поддржат актуелниот градоначалник на општина Центар, тој истакна дека вистината многу скоро ќе излезе на виделина.

– Многу кулоарски муабети се зборуваат, но вистината е една и таа многу скоро од денеска ќе ја и соопштиме на македонската јавност, рече премиерот Мицкоски.