Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мицкоски ќе се обрати на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ во Нови Сад

Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Нови Сад попладне со свечена академија ќе бидат одбележани „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“.

На свечената академија ќе се обратат македонскиот премиер Христијан Мицкоски, претседателот на српската Влада Ѓуро Мацут, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ, како и претседателката на Национален совет на македонското национално малцинство во Србија Зорица Митровиќ.

Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на пол

На 25 мај премиерот на Србија Мацут во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство. Како што соопштија од Владата на Србија во таа прилика тој изјавил дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет.

Реклама

-Националните малцинства се вистинското богатство на оваа земја, на што сме горди – рекол Мацут и додал дека почитувањето на различноста и еднаквоста на сите граѓани е основа на здраво и прогресивно општество.

На средбата, на која присуствувал и амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупанчески, било разговарано за денешниот јубилеј што ќе се прослави во Нови Сад – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина.