Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Мицкоски: Ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе се направат напори известувањата за прекршоците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе се направат напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно Законот за јазици, за да не може да се користи проектот за собирање политички поени со националистички призвук. 

-За да не го злоупотребувате ова во националистики призвук, веднаш ви кажувам ќе сторам се со МВР казните, опомените или информациите да бидат согласно Законот за јазици со МВР, за да немате таков аргумент, за да не мислите дека некој има против тоа. Напротив секој живот ни е драг, мил. Ние, не сакаме луѓето да гинат и покрај тоа што ќе трпиме политички реперкусии, рече Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците. 

Тој вели дека иако во поставувањето на прашањето таа имала повеќе констатации, во суштина заклучокот е, како што истакна, е оти тое, не сакате да се спроведе проектот и законот.

Реклама

-Тоа е суштината на вашиот говор. Јас тоа можам да го заклучам, а мислам и македонската јавност. Па сега вие изнесувате неколку дилеми меѓу кои велите дека инфраструктурата не била прилагодена, па требало да се прилагоди и така натаму. На 27 јануари, пред два дена затекнати се вкупно 76 нерегистрирани возила, каква врска има тука инфраструктурата. На истиот ден најголема измерена брзина е 196 километри на час. Како формула да возеле, значи има инфраструктура, рече премиерот.

Околу Законот за јазици, вели дека јавно кажува оти треба да се прилагодат пораките на овој закон.

– Ако мислите дека тоа е пречка веднаш ви кажувам да се прилагоди и нема никаков проблем. Ако може за ова да спасам некој живот во Тетово, Скопје, Куманово, насекаде во Македонија. Вие не сакате ова да фунционира и мислите дека со тоа што ќе излезете и ќе играте на картата на ниски страсти и на картата на тоа дека ќе се казнуваат сите прекршители на закон дека ќе добиете политички поени, па го сведувате на етничка припадост, нацинализам. Тоа не сакам ниту да го коментирам, истакна Мицкоски.

Вели дека проектот треба да се реализира на целатата територија, но најголем дел од прекршоците се прават токму во Скопје.

– Вкупно околу 8000 илјади прекршоци се регистрирани на 27 јануари, од кои 75 посто се во Скопје, во Куманово и во Тетово се само по шест и пол проценти. Од нерегистрираните возила 56 се Скопје, рече македонскиот премиер.   

Според него, целта не е да се казнува туку да се намали бројот на прекршоци.

-Пред два дена беа 8000, многу е, но, на почетокот беа 108 илјади, истакна премиерот Мицкоски.

Пратеничката Илире Даути истакна дека од претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе побара да не става потпи на Законот со кој се овозможува функционирање на овој проект, бидејќи за него немало јавна расправа и согласно тоа не биле вградени сите забелешки.