Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Мицкоски ќе присуствува на отворањето на првата сезона на Плазма спортските игри за млади

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе  има свое обраќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе  има свое обраќање на свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

По завршување на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Свеченото отворање на првата сезона на Плазма спортските игри за млади во Македонија, најголемата спортско-аматерска манифестација за деца и млади во Европа ќе се одржи на Плоштад Македонија со почеток во 12:00 часот.

Реклама

Во присуство на високи државни претставници, спортски легенди, амбасадори на Игрите, институции, партнери и илјадници деца, Македонија и официјално станува дел од големото семејство на Плазма Спортските игри за млади.

Освен Мицкоски на настанот ќе се обратат и министерот за спорт Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди.

-Програмата ќе биде збогатена со музички настапи, палење на пламенот на Игрите, видео пораки од светски спортски ѕвезди и бројни спортски активности. Ве покануваме заедно да испратиме силна порака за спортот, пријателството, фер-плејот и иднината на младите – се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија.