Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности за мултифункционален центар во Аеродром

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифункционален центар во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“. 

Договор за изградба на центарот во јули потпишаа министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски.

Се работи за простор на површина од  1400  квадратни метри кој со години беше запуштен и без намена. Како што беше соопштено на потпишувањето на договорот, во план е за две до две и пол години општина Аеродром да добие мултифункционален центар во кој ќе има киносала,  мултифункционален простор за изложби и останатиот дел канцеларии и соби за техника. 

Реклама

Министерството за култура и туризам има потпишало 20-ина договори во општини низ државава за изградба на мултифункционални центри, од кои дел се градат во главниот град и се значајни и за проектот Скопје – Европска престолнина на културата 2028.