Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Мицевски: Зошто ЈО не отвори постапка за Филипче кој добил џип од фирма тендераш, исто како што отвори за Пеце Мирчевски?

Венко Филипче добил на поклон луксузен џип ауди Q8 од фирмата Зобек…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче добил на поклон луксузен џип ауди Q8 од фирмата Зобек мининг груп која пак добила тендер за набавка на јаглен за ЕСМ, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поклон од 130.000 евра за Филипче, и ЈО молчи и не презема никакво дејствие. Секој во државава без разлика дали е правник или не, може јасно да заклучи дека ниту еден субјект, правно или физичко лице, не дава поклон од 130.000 евра, на лице со кое нема роднинска поврзаност. Кога лице кое нема роднинска поврзаност со друго лице, добива поклон од 130.000 евра, е сосема јасно дека станува збор или за затајување данок, или за перење пари или пак за тргување со влијание. Дополнително, кога станува збор за поклон од 130.000 евра на политичар, пратеник и лидер на опозиција, сосема е јасно дека станува збор за нешто скриено. За ист ваков случај ЈО води постапка за Пеце Мирчевски, директор на СОЗР во време на СДС. Мирчевски се терети дека добил два автомобила од фирма која добивала тендери. Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Сега се поставува прашањето зошто тоа што е криминал во случајот на Пеце Мирчевски, не е случај со Венко Филипче? Дали ЈО молчи за Филипче затоа што тој е претседател на СДС, и со што ги уценува за да не постапуваат? Прашува пратеникот Мивевски.

Очекуваме ЈО да не биде контрадикторно самото на себе и да отвори постапка за Венко Филипче. Доколку не го стори тоа, ќе биде совршено јасно дека тие работат исклучиво во интерес на Филипче, додаде Мицевски.