Реклама

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Промовирани нови 496 полициски службеници

Гужва по патиштата, патарините, граничните премини – пеколни температури за празничниот викенд

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Македонија

Мицкоски: Законот за Скопје – европска престолнина на културата 2028 е изготвен во согласност со праксата на ЕУ, за да нема сомнежи, ќе биде ставен на јавна расправа

Законот за Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Законот за Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година ќе оди на јавна расправа за да не се остави каков било сомнеж во врска со транспарентност на овој процес – најави премиерот Христијан Мицкоски. Додаде дека се работи за закон штотреба да се донесе во рамките на приоритетите на овој проект и оти тој е изготвен во согласност со препораките и праксата во ЕУ. 

​- Јас ја разбирам реакцијата во јавноста поради тоа што има жесток обид за нејзина дезинформација. ​Прво, станува збор за фондација „Скопје – европска престолнина на културата“, и тоа е проект што е почнат уште пред 10 години. ​За жал, досега ништо не е направено – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Клиничката болница во Битола.

​Вели дека поради тоа Владата дошла во ситуација да се соочи со еден предизвик, а тоа, како што рече, е првпат проектот „Европска престолнина на културата“ да му биде одземен.

Реклама

– Затоа влеговме во еден процес во кој јасно ги дефиниравме приоритетите. Но, еден од тие приоритети е и законот што се прави во согласност со сите препораки и пракса на Европската Унија. Не е ова ништо поинакво од она што било во Хелсинки – потенцира премиерот. 

​Според него, не станува збор за избор на директор бидејќи се работи за фондација преку која, почнувајќи од оваа година, а требало да се почне пред 10 години, ќе се работи на реализација на овој проект.

– За правилно информирање на јавноста, сакам да напоменам дека станува збор за таканаречена книга или bidbook, која е добиена уште пред пет-шест години, во која се дефинирани приоритетите од порано, а Владата и овој градоначалник ги наследи. Тоа се настани што треба да се реализираат 50 дена во 2027 година и секој ден во 2028 година, а во 2029 година фондацијата треба да прерасне во јавно претпријатие, кое ќе има директор – појасни премиерот Мицкоски.  

​Ова, рече, е суштината на целиот проект.

– За жал, некој се обидува свесно да ја манипулира јавноста и свесно да ги дезинформира граѓаните. Но, она што јас како човек, прво, нема да го дозволам, тоа е да остане каков било сомнеж во кој било процес. Затоа, на мое инсистирање, законот беше повлечен од парламентот. Тој ќе биде ставен на јавна дебата. За жал, малку ќе задоцниме со некои од подготовките како Влада бидејќи веќе 10 години се доцни од претходната влада и од претходните градоначалници, но ќе се обидеме тоа темпо да го задржиме до крајот на годината и да влеземе во процес во кој сè ќе биде навремено испорачано, а Скопје ќе биде европска престолнина на културата 2028 – рече Мицкоски.