Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Има груба манипулација од локален јавен обвинител, соучесник во процесот, постои поинаков извештај од приложениот, ова нема така да заврши

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него „има груба манипулација од, како што истакна, еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е сочесник во овој процес“. Тој очекува истрага за овој случај затоа што, вели, од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имало поинаков извештај од тој што бил приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. 

– Јас вчера го следев случајот и малку се заинтересирав. ​И мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес. ​И тоа нема така да заврши – рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања при посетата на Клиничката болница во Битола.

Тој вели оти не би сакал да шпекулира со имиња и презимиња затоа што допрва ќе има истрага за овој процес.

Реклама

– Набргу ќе има истрага затоа што од страна на надлежното Основно јавно обвинителство имаме поинаков извештај од тој кој е приложен како записник од страна на Вишото јавно обвинителство во Битола. ​И ова нема така да заврши. Ова лично јас ви го гарантирам и јас лично ќе го следам овој случај – рече Мицкоски.

Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“, а еден ден потоа тој ја напуштил земјата преку граничниот премин Табановце. Марковски е првообвинет во предметот за злоупотреби при јавна набавка во РЕК „Битола“, вредна речиси 1,7 милион евра.