Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Мицкоски: За две години креиравме 17.000 нови работни места, претходната влада нема отворено толку за седум години

  Владата, во изминатите две години, почнувајќи од третиот квартал во 2024…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  Владата, во изминатите две години, почнувајќи од третиот квартал во 2024 година, завршувајќи со вториот квартал од оваа 2026 година, има креирано нови 17.000 работни места, од 691 000 вработени до 708 000 вработени, за разлика од претходната влада, која за седум години нема отворено толку нови работни места, изјави денеска во Берово премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по посетата на манастирот „Успение на Пресвета Богородица”, Мицкоски кажа дека очекува со отворање на дата – центрите таа бројка да расте и да овозможи враќање на младите кои заминале од земјава.

-Пред два или три дена Државниот завод за статистика излезе со бројка оваа Влада, во изминатите две години, почнувајќи од третиот квартал во 2024 година, завршувајќи со вториот квартал од оваа 2026 година, има креирано нови 17.000 работни места. Од 691 000 вработени до 708 000 вработени. Ако тоа го преточите во бројки ќе сфатите дека претходната влада за седум години нема отворено толку нови работни места, а со оваа индустрија за која што досега зборував (дата центрите) и придружната индустрија која ќе ја сервисира оваа индустрија, јас очекувам голем дел од нашите, посебно млади, кои што се наоѓаат надвор од Македонија да се вратат дома и токму тука и да го продолжат животот со своите семејства. Бидејќи од она што можам да го видам, а посебно во западна Европа состојбата таму не е онаква како што беше пред 5 или 10 години. Затоа имаме амбиција, знаеме каде да ја развиваме земјата и тоа е неповратен пат. Прашањето е дали ние ќе го одиме тој пат или ќе бидеме повторно на дното, и наместо да бидеме активни ние ќе бидеме повторно реактивни. 

Реклама

Тој кажа дека најмногу нови вработувања има во индустријата.