Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Економија

Мицкоски за „Чебрен и Галиште“: Вистинско време е државата да направи храбар чекор и таа да биде инвеститор

Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, има финансискси институции кои сакаат да го финансираат овој проект, а една од нив е и DFC. 

Како што изјави Мицкоски, ако се биде како што треба, може да се очекува следната година да биде ставен камен-темелник.

Реклама

 – „Чебрен и Галиште“ е проект што го зборуваме со децениии, бараме партнер. Сега е вистинско време кога државата треба да направи похрабар чекор и таа да биде инвеститор. Ценам дека имаме финансискси институции кои сакаат да го финансираат овој проект, а една од нив е и DFC, со финансиско портфолио над 220 милијарди долари во овој момент. Разговаравме со Каролин Вик, одговорна за развојни проекти, тие се веќе присутни преку грант за развоен проект – „Крстов дол“, рудникот за антимон, со пет милиони долари. Јас очекувам дека ќе обезбедиме финансирање на овој проект. Според нашите пресметки внатрешната стапка на поврат на проектот е двоцифрена и нето сегашната вредност е исто така одлична. Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“.

Во врска со проценките за движењето на инфлацијата, премиерот повтори дека очекува стабилно движење и во следниот период. Рече и дека треба да се причекаат најновите податоци од Државниот завод за статистика.

– Инфлацијата кај нас е пониска од европската, очекуваме стабилно движење и во следниот период. Ние имаме два месеца што нѐ охрабруваат — тоа се јули и август. Во јули беше 2,3 отсто, во август беше 2,6 проценти, во услови кога во Европа во јули беше 2,9, а во август 3,2 отсто. Се сеќавате пред четири години, кога исто така имаше енергетска криза, нѐ убедуваа дека тогаш двојно поголемата инфлација кај нас споредена со таа во Европската Унија била затоа што била увезена инфлацијата. Еве, ние покажавме дека тоа не е точно и дека тоа биле лажни кампањи. Дека можело нивото да биде под она коешто го има европскиот просек, и тоа со речиси двојно пониска инфлација. Сега ќе следиме во септември да видиме како ќе биде. Сѐ уште месецот трае, да почекаме Државниот завод за статистика да објави, па ќе можеме да коментираме. Ние исто така, се разбира, за наша потреба преку Државниот пазарен инспекторат правиме определени проценки, посебно на цените на прехранбените производи и на безалкохолните пијалаци. Тука очекуваме на годишно ниво таа да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто, според нашите првични проценки. Но да видиме каква ќе биде конечната бројка што ќе ја објави Државниот завод за статистика, рече Мицкоски.