Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Мицкоски: Одговорноста за Гостивар е лоцирана, очекувам да има проширување на истрагата, хиперлорирањето се врши од експерти од „Водовод“

​Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Имавме несовесно работење на вработени од Јавното претпријатие „Водовод“ коишто директно со цевки и пумпи вода од река префрлеле во главниот резервоар. За тоа Обвинителството постапуваше и постапува и веќе имаме лица коишто се обезбедени, сослушани. Очекувам да имаме и проширување во истрагата. Одговорноста е лоцирана и се преземаат мерки, веќе е обезбедена техничка вода за користење. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Дебар.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека хиперлорирањето не го прават стручни лица, тој кажа дека во моментот се случува процес на хиперхлорирање којшто го вршат експерти од Јавното претпријатие „Водовод“ Скопје.

– Исто така во Собрание покажавме документи во минатото кога ниту Министерството за здравство во Владата на СДСМ и ДУИ, ниту Агенцијата за храна и ветеринарство, ниту било која институција постапувала по информациите коишто се добиени како резултат на мерењата каде што во стотици и илјадници случаи во речиси сите мерни места во неколку општини е констатирано дека параметрите и микробиолошки, но и според квалитетот на водата, не соодветствуваат на законски дозволените норми. И никој ништо не превземал, туку оставиле буквално луѓето да го консумираат тоа и да има последици во процесот на консумирање- рече Мицкоски.

Реклама

Премиерот нагласи дека секој ден се земаат разни примероци, се испитуваат истите и оти според него одиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење којашто ќе е бактериолошки исправна.

Потсети дека обезбедиле вода за пиење за гостиварци и се заблагодари на сите општествено одговорни лица и компании коишто се приклучиле на оваа акција и тие донирале.

-​Но, јас замолувам за трпение затоа што сериозен пристап имаме и сериозно и сериозно го вршиме овој процес. Јас очекувам, еве, многу скоро од денеска граѓаните да добијат, покрај вода којашто ја користат за технички потреби, и вода за за готвење и за пиење- кажа Мицкоски од Дебар, каде што присуствуваше на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани.