Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, не сме тврдоглави, бараме решенија со предвидлив крај

Не се инаетиме и не сме тврдоглави, но не сакаме повторно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не се инаетиме и не сме тврдоглави, но не сакаме повторно да влеземе во процес во кој нема да ни биде однапред познат исходот. Премиерот Мицкоски од Вашингтон порача дека Македонија е подготвена за разговори со Бугарија, но овојпат мора да се има јасна патека и крај, а клучот како што вели е во меѓусебната доверба, која не може да се гради еднострано.

„Не се инаетиме, не сме тврдоглави. Но, она што претставува наша цел е нашата стратегија, нашата вистина да ја презентираме на најдобар начин на кој што можеме и преку една политичка дебата, една политичка борба на меѓународната сцена да вратиме дел од позициите кои што претходните влади ни ги загубија“, истакнува премиерот Мицкоски.

Мицкоски е свесен за реалноста и грешките од минатото, но и за барањата на оние кои се залагаат за целосно  повлекување од договорите и преговорите. Вели дека Македонија е подготвена да ги слушне аргументи од другата страна, па дури и да прифати дел од  нив, но нема да остави простор за избрзани потези. Напротив, Владата ќе продолжи да ја брани својата стратегија и позиција пред европските партнери.

Реклама

„Од друга страна, очекувањата на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, но не сме сами и мораме да се бориме да ги повратиме загубените позиции кои во минатото, за жал, претходната влада ги минираше. Така што во рамките на таа борба ние секогаш презентираме аргументи кои што се јасно методолошки разбирливи на соговорниците“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

Во меѓувреме, Владата ќе продолжи со реформите од Планот за раст и Реформската агенда на патот кон Европската Унија. А, иако во Европа се отвораат идеи за поинакви форми на поврзување со Унијата, премиерот засега смета дека е рано да се зборува за такви модели.  Вели дека Македонија треба да ја бара својата шанса во светот што се менува и во кој се прегрупираат интересите, користејќи ја својата географска положба и новите можности.