Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Гостивар е на чекор да добие бактериолошки исправна вода за пиење. Премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гостивар е на чекор да добие бактериолошки исправна вода за пиење. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето е во завршна фаза и дека многу скоро граѓаните ќе можат без страв да ја користат водата од чешма.По години проблеми и предупредувања за неисправна вода, ова, според надлежните, треба да биде конечно решение за еден од најголемите комунални проблеми во градот. Иако изметот и фекалиите изчезнаа, во водоводот се уште има бактерии кои можат да предизвикаат проблем.Секојдневно се земаат примероци и се тестира водоводната мрежа, но пред властите да дадат зелено светло, водата мора три дена последователно да биде чиста како солза. 

„Oдиме кон ситуација кога можеби за првпат во последните децении во Гостивар граѓаните ќе можат да користат вода за пиење којашто ќе е бактериолошки исправна.Замолувам за трпение затоа што сериозен пристап имаме и сериозно и сериозно го вршиме овој процес. Јас очекувам, еве, многу скоро од денеска граѓаните да добијат, покрај вода којашто ја користат за технички потреби, и вода за за готвење и за пиење” изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Долгогодишниот проблем со неисправната вода во Гостивар не е случајност, туку последица на несовесно работење на дел од вработените во комуналното претпријатие – вели премиерот Мицкоски. Тој очекува истрагата да се прошири.

Реклама

„Имавме несовесно работење на вработени од јавното претпријатие „Водовод“, кои директно со цевки и пумпи вода од река префрлиле во главниот резервоар. За тоа обвинителството постапува и веќе имаме лица кои се обезбедени, сослушани и очекувам истрагата да се проширува“, изјави премиерот.

Во меѓувреме, епидемијата во Гостивар стивнува. Вчера 60-тина пациенти побарале лекарска помош, за разлика од пикот кога имаше над 650 прегледи.

Епидемиолозите но и здравствените власти аларамираат дека иако дијаерата кај гостиварци е помината, опасноста не е завршена.Во наредните неколку недели се очекува на пораст на бројките со заболени од жолтица. Затоа лекарите апелираат граѓаните кои биле изложени на загадената вода треба во следните два месеца да внимаваат на својата здравствена состојба. Ако почувствуваат силен замор, губење апетит, гадење, покачена температура, темна урина, светла столица или пожолтување на кожата и очите, веднаш да се јават кај матичен лекар.

Инаку, водата во Гостивар смее да се користи само како техничка вода, од понеделникот.