Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Мицкоски: Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде во Таш Маруништа, неговото обраќање пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе биде во Таш Маруништа, неговото обраќање пред локалното население е планирано да биде во 10:30 часот.

Утрово тој го честиташе Илинден на неговата фејсбук страница во која напиша:

 

Реклама

Илинден е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг.

117 години од Илинденското востание татни комитското УРА за слободна, независна и автономна Македонија и 76 години од вториот Илинден кој ја печатираше желбата за слобода и ја круниса таа вековна епопеја на македонскиот народ за своја држава.

Нашата борба за слобода има константа, се крена Илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која нѐ задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната.

Треба да ги чуваме илидненските идеали од чија вредност како општество во овие мигови силно отстапуваме. Европската Унија сѐ уште е далеку од нашиот дофат пред се поради неисполнетите реформи, криминалот и корупцијата која силно го гризе секој дел од општествито. Сиромаштијата расте, а граѓаните не се среќни, иселувањето не престанува.

Борбата за слобода е константа и таа продолжува. Илинден е нашиот слободарски крик за правдини чија што суштина и цели продолжуваат.

Честит Илинден!