Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година

Наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво. Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Македонија, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Според Министерството, во 2025 година се склучени 289 договори за концесии, при што вкупно се наплатени 1.223.455.203,00 за разлика од 2024 година кога биле склучени 342 договори, а наплатени 561.544.717,00 денери. Ова, велат од Министерството, преставува зголемување на наплатата од 218 проценти.

Како што велат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, овие клучни резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите вклучувајќи засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери што не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголемил износот на концесиски надоместок до 100 проценти, како и подобра координација меѓу Министерството и општините.

Реклама

– Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините, каде што работат концесионерите, како и на државниот буџет. Зголемената наплата овозможува значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори, какои и поголеми средства за заштита на животната средина – се вели во сооптението од Министерството.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, велат од таму, останува посветено на воспоставување највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.