Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација

Предвидлива регулаторна рамка, подобра институционална координација и поврзување на регулативата со пристапот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предвидлива регулаторна рамка, подобра институционална координација и поврзување на регулативата со пристапот до финансирање се клучни за инвестицискиот интерес за обновливи извори на енергија да се преточи во реални и одржливи проекти.

Ова била една од главните пораки на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на форумoт „Управување со паметни згради и зелено финансирање за почист воздух во Македонија“, организиран во рамки на соработката со UNECE и UN Country Team, со учество на UNDP, IOM, EBRD и други партнерски институции.

Форумот обединил претставници на државните институции, меѓународните организации, финансискиот и бизнис-секторот и академската заедница, со фокус на практични решенија за унапредување на енергетската ефикасност, инвестициите во обновливи извори на енергија и зеленото финансирање.

Реклама

На панел-дискусијата „Од индивидуални предизвици до системски решенија“, Виолета Николова, посебен советник и раководител на Секторот за обновливи извори на енергија, истакнала дека во Македонија постои значителен инвестициски интерес за ОИЕ, а следниот важен чекор е создавање услови тој интерес да резултира со реално спроведливи проекти.

-Кога исти предизвици се повторуваат кај повеќе проекти, тие веќе не се само индивидуални проблеми, туку сигнал каде системот треба да се подобри. Индивидуалните предизвици треба да станат институционално знаење, рекла Николова.

Посебен акцент бил ставен на практичната имплементација на новиот Закон за обновливи извори на енергија и подготовката на подзаконската регулатива, со цел воспоставување јасни и применливи правила, подобра координација меѓу надлежните институции и поголема предвидливост на постапките и роковите.

Во дискусијата била нагласена и потребата да се направи јасна разлика меѓу инвестициски интерес и проекти со реален пат кон реализација, земајќи ги предвид земјиштето, дозволите, капацитетот на мрежата, финансирањето и реалните рокови за изградба.

Форумот бил посветен и на дигиталното управување со енергијата во јавните згради, напредната мерна инфраструктура и зеленото финансирање, како важни инструменти за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на инвестициите во обновливи извори и придонес кон почист воздух.

Министерството, велат оттаму, продолжува со активности насочени кон создавање стабилно, предвидливо и функционално инвестициско опкружување, со јасни правила, јасни надлежности, јасни рокови и еднаков третман – како основа за забрзување на енергетската транзиција во земјата.