Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мерките даваат резултати – Македонија со најевтини горива во регионот

Македонија останува со најниски цени на горивата на Балканот, кои уште ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува со најниски цени на горивата на Балканот, кои уште ќе одат надолу. Очекувањата се дизелот задутре да поевтини за 2,5 денари по литар, а бензините да се продаваат за 1,5 денари по литар – соопшти премиерот. Бензинот од 95 октани би бил околу 82 денари за литар, а дизелот околу 95,5 денари, а од овие цени може да се оди и 3 денари поевтино поради попустот на ОКТА кон трговците.

Владините мерки за намалување на ДДВ кај горивата од 18 на 10% и падот на акцизите од 4, односно 2 денари по литар даваат резултати. И покрај тоа што нафтените деривати во Македонија поскапеа за над 30%, мерките поради кои има загуби во буџетот и по еден милиони евра дневно, го амортизираа ударот кој можеше да биде уште поголем. Дополнително, и попустот на снабдувачот ОКТА кој ќе важи до крајот на април, придонесе горивата на бензинските пумпи да се точат и до 3 денари поевтино од максималните цени кои ги определува Регулаторната Комисија за енергетика.

Дека во Македонија има најевтини горива, сведочи и зголемената дневна потрошувачка која надминува два милиони литри. Тоа е така поради притисокот од граѓаните од соседството кои точат нафтени деривати во пограничните региони. Разликата во цените е особено забележлива споредено со Грција  и Албанија, кадешто цената на бензините надминува 2 евра, а дизелот 2,2 евра за литар.

Реклама

Владата во Грција ќе им даде субвенции на возачите на коли околу 50 евра и на мотори од 30 евра за да им го олесни финансискиот товар, бидејќи плаќаат меѓу најскапите нафтени дертивати на Балканот.

Во Косово, цените исто така се доста високи, над две евра за литар. Таму бизнисите веќе критикуваат дека треба да има мерки, но Владата вели дека намалувањето на акцизата и ДДВ создава финансиски јаз, што би предизвикал државниот буџет да изгуби 10 милиони евра месечно.

Во Србија е забранет извозот на нафта и се намалени акцизите на горивата и до 60%. Дополнително поради дизелот чија цена ескалираше, беа пуштени и количини од нафтените резерви. Моменталната цена на дизелот во Србија е 1,76 евра за литар, поради што голем број граѓани од јужна Србија одлучуваат да точат гориво на бензинските во Македонија околу преминот Табановце.

Во Хрватска, мерките за задржување на животниот стандард се продолжуваат за уште eден месец. Пленковиќ соопшти дека законите дозволуваат ограничување на цените на дериватите за максимум три месеци. Тамошната Владата донесе одлуки за цените на струјата и гасот да останат исти во следните 6 месеци и да ги активира државните резерви. И покрај тоа, во Хрватска се точат поскапи горива отколку во Македонија, за околу 30 евроценти по литар.