Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мерката за бесплатно пливање ја користат над илајда ученици од Куманово

Околу 1.100 ученици ја користат мерката за бесплатно пливање во кумановскиот затворен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 1.100 ученици ја користат мерката за бесплатно пливање во кумановскиот затворен базен, соопштија денеска од Секторот за образование. Оттаму велат дека мерката се издигнува како една од најзначајните локални образовно-спортски проекти.

Надлежните информираат дека за реализација се издвоени 900 илјади денари, што укажува на јасна општинска определба да се вложува во здравјето, правилниот раст и физичката активност на најмладите.

Проектот го спроведуваат 40 професори по спорт. Пливањето се спроведува во претпладневни и попладневни термини, усогласени со училишните смени, што ја прави програмата достапна за сите ученици без разлика на нивните дневни обврски.

Реклама

– Преку овој проект учениците се стекнуваат со основни и напредни пливачки вештини, се подобрува физичката подготвеност и рекреативните навики, младите практикуваат здрав стил на живеење. Во услови кога физичката активност кај младите се намалува поради дигиталниот начин на живот, ваквите програми претставуваат клучен инструмент за враќање на спортот во секојдневието на децата. Долгорочно, ова може да придонесе за создавање генерации со подобри здравствени навики, поголема самодоверба и развиена спортска култура, изјави раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.

Преку општинскиот Сојуз на училишен спорт обезбедени се реквизити за пливање и помагала и во соработка со специјална олимпијада Македонија одржана е основна обука за наставниците и за ученици со попреченост.