Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мемов: Лага се тврдењата дека техничката влада се укинува веднаш и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии

Во изминативе денови, сведоци сме на уцени и на еден длабоко неодговорен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминативе денови, сведоци сме на уцени и на еден длабоко неодговорен и деструктивен однос од страна на СДСМ и Венко Филипче, особено во контекст на измените на Законот за Влада. Со овие измени, јасно е предвидено дека техничката влада ќе важи за следните парламентарни избори, а потоа ќе биде укината како модел, изјави на прес-конференција Никола Мемов од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, владиниот коалициски партнер. 

– Ваквиот модел одамна ја има исполнето својата примарна цел и не постои како стандард во ниедна современа европска демократија и држава. Сите тврдења дека техничката влада се укинува веднаш, како и дека ова решение е донесено без консултации со политичките партии, се обична лага и претставуваат обид за манипулација со јавноста – рече Мемов.

Според него, наместо конструктивност и политичка зрелост во време кога е неопходен широк консензус, „гледаме обиди за блокади, калкулации и партиски игри на штета на граѓаните“.

Реклама

– Последниот потег, заканата за повлекување од работната група за новиот Изборен законик, е само кулминација на ваквиот пристап. Јавно прашуваме: на што се должи овој потег? Дали сме сведоци на подготовка за сценарио за целосна блокада на работата на работната група за Изборниот законик? Дали следниот чекор е напуштање на законодавниот дом од страна на пратениците на СДСМ, со крајна цел – бојкот на претстојните парламентарни избори? Дали вистинската причина е стравот од соочување со граѓаните и од извесен, катастрофален изборен пораз, по кој, како следствен чекор по таков катастрофален резултат, ќе следува и потребата од оставка на Филипче од челната позиција на СДСМ? Дали станува збор за однапред смислено сценарио за зачувување на личните позиции на актуелното раководство на СДСМ, предводено од Филипче и нивните интереси? Дали ова е единствениот начин двоецот Филипче – Заев да го задржи влијанието врз партијата? Дали од лукративни причини се турка политика на конфронтација, со новинари, со членови на СДСМ, истакнати поединци, па дури и со градоначалници и пратеници од нивните редови? Дали намерно се изолира партијата од клучните процеси во државата? – праша Мемов.

Тој рече дека Движењето ЗНАМ јасно порачува оти државата не смее да биде заложник на ничии политички калкулации. Ова е момент, нагласи тој, кога сите заедно „мора да ја издигнеме демократската свест, да ја зацврстиме одговорноста и да покажеме дека знаеме да носиме одлуки во интерес на државата“.

– Македонија заслужува стабилност, достоинство и напредок, и ние ќе продолжиме да работиме токму за таква иднина. Упатуваме повик до членовите и симпатизерите на СДСМ – бидете внимателни. Не дозволувајте да бидете вовлечени во сценарија што водат кон изолација, кон уништување на партијата, слабеење на институциите и оттргнување на државата од европскиот пат – додаде Мемов.

Истакна и дека политиката мора да биде во служба на граѓаните, а не на лични агенди.

-Ова раководство на СДСМ ја доведе партијата до историски најнизок рејтинг, на ниво од едвај нешто над 5 проценти, а со вакви непромислени и деструктивни сценарија, ризикува целосно да ја маргинализира на политичката сцена. Затоа, упатуваме апел и до пратениците и до градоначалниците од редовите на СДСМ – не дозволувајте да бидете инструмент во стратегии што водат кон слабеење, изолирање и непостоење на партијата. Не прифаќајте политики што не се во интерес ниту на членството, ниту на граѓаните. Целиот товар на ваквите политики ќе падне врз вас, додека двоецот Заев – Филипче ќе останат изолирани од политичките последици и ќе продолжат да делуваат без отчет пред јавноста, уживајќи во моќта на златните визи, забави и крстарејќи на луксузни јахти – рече Мемов.