Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година.

На турнирот ќе настапат екипи од Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.

На отворањето на турнирот ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски.

Реклама

Меморијалниот турнир оваа година е во ко-организација на Министерството за одбрана и Здружението на загинати припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“.