Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Меморандум за соработка потпишан меѓу ,,Македонски семејни винарии” и Земјоделско шумарското училиште во Кавадарци 

Меморандум за соработка беше потпишан денеска меѓу здружението  ,,Македонски семејни винарии” и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка беше потпишан денеска меѓу здружението  ,,Македонски семејни винарии” и средното општинско Земјоделско шумарско училиште ,,Ѓорче Петров” во Кавадарци.  

– Меморандумот за соработка се однесува во сферата на научната и стручната дејност, од областа на земјоделство, ветеринарство и рибарство, рече Горан Јаковлевски, претседател на „Македонски семејни винарии”. 

Јаковлевски, изрази задоволство што ќе соработуваат со ова средно училиште што постои 70 години и од кое произлегле безброј талентирани енолози, од кои некои веќе имаат свои мали фамилијарни винарии. 

Реклама

– Заеднички ќе ги споиме љубовта кон традицијата и искуствата во лозаровинарството како значајна економска гранка во државата и ќе ги презентираме и промовираме нашите богатства, богатствата на најголемиот лозаровинарски регион во државата. Ќе бидеме македонски вински амбасадори и ќе работиме на привлекување на што е можно повеќе вински туристи и што е можно поголема продажба на нашите извонредни сорти и на грозје и производи од грозје, подвлече Јаковлевски.