Реклама
Македонија

Меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на биодиверзитетот, денеска, во Зоолошката градина Скопје, ќе биде потпишан меморандум помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и зоолошките градини во Скопје и Битола, со цел овие установи да се модернизираат и усогласат со европските стандарди.

На настанот  ќе се обратат министерот за животна средина Муамет Хоџа, градоначалникот на Град Скопје Орце Георгиевски и в.д. директорката на ЗОО Скопје, Катерина Костова.