Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Меџити: Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија, резултатите видливи

– Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер, информира Општина Чаир во соопштение.

На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската мрежа, електричната мрежа и оптичките влакна, реставрацијата на калдрмата со травертински камен, поставувањето ново традиционално осветлување и уредувањето на пешачките површини.

„Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија и денес резултатите се видливи. По повеќе од пет децении, реализираме темелна реконструкција, од подземната инфраструктура до конечниот изглед, притоа зачувувајќи го идентитетот што ја прави Чаршијата посебна. Со инвестиција од над 28 милиони денари, создаваме подобри услови за граѓаните, занаетчиите, бизнисите и посетителите“, изјави Меџити.

Реклама

Со завршувањето на проектот, Старата скопска чаршија ќе добие модернизирана инфраструктура и пофункционални јавни површини, истовремено зачувувајќи ги своите историски и автентични вредности.