Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Меџити: Улицата „Ферид Мурад“ добива нов лик, целосната реконструкција е во завршна фаза

Улицата „Ферид Мурад“, една од најзначајните сообраќајници во Чаир, денес се асфалтира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улицата „Ферид Мурад“, една од најзначајните сообраќајници во Чаир, денес се асфалтира во најголем дел, со што целосната реконструкција на улицата влегува во завршна фаза, информира градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Со оваа инвестиција, посочи, улицата добива нова и функционална инфраструктура, со што значително се подобруваат условите за сообраќај и секојдневието на граѓаните во овој дел од Чаир.

-Улицата „Ферид Мурад“, една од најзначајните сообраќајници во Чаир, денес го добива својот нов лик. Нова инфраструктура, инвестиција која значително го менува овој дел од Чаир и го подобрува секојдневието на граѓаните. Улица по улица, проект по проект, го градиме Чаир што го ветивме. А денес, резултатите од оваа работа се гледаат насекаде- изјави Меџити.

Реклама

Реконструкцијата на улицата „Ферид Мурад“ е дел од инфраструктурните инвестиции што се реализираат на територијата на Општина Чаир, со цел модернизација на патната инфраструктура и создавање подобри услови за граѓаните.