Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Меџити: Улицата „Фаик Коница“ во Дижон доби сосема нов лик

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информираше дека е завршен уште еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните, информира Општина Чаир во соопштение.

Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница“ целосно е реконструирана водоводната мрежа, изградена е фекалната канализација, а извршено е и асфалтирањето на улицата, со што целосно е заокружена оваа инфраструктурна инвестиција.

„Целосно е завршена реконструкцијата на водоводната и фекалната канализациска мрежа. Извршено е и асфалтирањето на улицата. Секое ветување го исполнуваме. Секој проект го реализираме!“, изјави Меџити.

Реклама

Општина Чаир останува посветена на реализација на развојни проекти во секое маало, со фокус на инвестиции што ја подобруваат инфраструктурата и го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните.