Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

Меџити: Завршена улицата „Максут Садик“, почнува изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција информираше за уште една нова инвестиција која веќе е финализирана – улицата „Максут Садик“.

-Уште една голема инвестиција-улицата „Максут Садик“ е успешно завршена, а токму на овој ден започнува изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“. Улицата „Максут Садик“ е веќе целосно завршена и подготвена да им служи на граѓаните – инвестиција реализирана според највисоките стандарди на квалитет, безбедност и функционалност.
Со вредност од околу 220.000 евра, овој проект претставува уште еден значаен чекор во модернизацијата на урбаната инфраструктура на Чаир, рече Меџити.

Според него, оваа улица што ги поврзува населбите на Чаир со булеварот „Никола Карев“ и Универзитетот „Мајка Тереза“, е претворена во значајна артерија која го олеснува движењето.

Реклама

-Благодарение на блиската соработка помеѓу Владата и Општина Чаир, оваа улица што ги поврзува маалата на Чаир со булеварот „Никола Карев“ и Универзитетот „Мајка Тереза“ се трансформираше во важна развојна артерија, што го олеснува сообраќајот и ја зголемува урбанистичката и економската вредност на овој дел од градот. Симболиката е извонредна: на истиот ден кога завршува улицата што води кон знаењето, започнува изградбата на модерниот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ – историска инвестиција од 40 милиони евра, истакна кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити.