Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Меџити: Стратешките инвестиции во зелената инфраструктура го забрзуваат економскиот развој

Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше на конференцијата на тема „Унапредување на зелената инфраструктура во Западен Балкан“, на која ја истакна важноста на изградбата на одржлива инфраструктура, како неопходност а не избор.

Меџити на конфернцијата на која присуствуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, рече дека зелената инфраструктура е глобален предизвик кој бара колективна акција, визија и соработка.

„Начинот на кој ги обликуваме нашите инфраструктурни проекти директно влијае врз квалитетот на животот, економската стабилност, заштитата на животната средина и отпорноста на нашите заедници на климатските промени. Стратешките инвестиции во инфраструктура која ги зема предвид климатските ризици и аспектите на биолошката разновидност претставуваат моќна алатка за забрзување на економскиот развој, создавање нови зелени работни места, поттикнување на иновации и исполнување на cелите за одржлив развој до 2030 година“, изјави Меџити.

Реклама

Меџити ја истакна важноста на интегрирањето на климатските и еколошките аспекти во процесот на планирање и проценка на влијанието врз животната средина, додавајќи дека овозможува носење информирани и долгорочно одржливи одлуки.

„Инфраструктурата која е отпорна на климатски шокови, не само што го заштитува буџетот и јавните ресурси, туку придонесува за стабилност и сигурност за идните генерации, а чекори кои треба дасе превземаат се градење и адаптација на системи за управување со ризици кои ќе нè подготват за климатските предизвици, трансформација на енергетскиот сектор кон обновливи извори, модернизација на земјоделството преку ефикасни системи за наводнување и климатски паметни практики, и унапредување на енергетската ефикасност и сеизмичката отпорност на објектите“, рече Меџити.

Денешниот настан беше организиран од Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – IPECC Скопје, кој се залага за унапредување на зелените инвестиции преку нивно интегрирање во стратегиите за животна средина.