Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Меџити најави инвестиција од над милијарда денари за канализациски систем во Кичево

Министерството за животна средина и просторно планирање, на денешната седница на Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање, на денешната седница на Владата, го презентираше проектот за изградба на нов канализациски систем во Кичево, кој ќе обезбеди подобро управување со отпадни води во градот. Проектот опфаќа изградба на нови колекторски системи, проширување на канализационата мрежа и поврзување на постојната пречистителна станица.

Министерот Изет Меџити истакна дека проектот е значаен за жителите на Кичево, кои долго време се соочуваат со проблеми во управувањето со отпадни води. Според Меџити, претходниот изведувач не ги исполнил обврските, па затоа е донесена одлука да се раскине договорот со него и да се обезбедат нови средства преку јавна набавка.

„Граѓаните на Кичево го заслужуваат овој проект. Поради неисполнување на обврските од страна на претходниот изведувач, решивме да преземеме чекори за забрзување на реализацијата. Сега, со нови средства, ќе го изградиме потребниот канализациски систем,“ изјави Меџити.

Реклама

Проектот, кој ќе се финансира со буџетски средства, вклучува изградба на главен канализациски колектор со должина од 11 километри, кој ќе ја покрива целата област од Зајас до Кичево. Колекторот ќе прифати отпадни води од неколку населби и ќе се поврзе со постојната станица за пречистување на отпадни води. Вкупната инвестиција за проектот изнесува над милијарда денари (1.088.550.000 денари), а се очекува да биде завршен во периодот од 2025 до 2028 година.

Со овие мерки, Министерството за животна средина и просторно планирање има за цел да ги подобри условите за живот во Кичево и да ги реши долгогодишните проблеми со отпадните води.