
Министерот за животна средина Меџити денеска е домаќин на советодавната мисија Рамсар, која престојува во Македонија и има мисија да открие која е причината поради која Преспанското езеро веќе 20 години се соочува со значително намалување на нивото на вода. Мисијата ќе посети делови од езерото на територијата на Македонија, Грција и Албанија за да анализираат зошто се случува овој феномен.
