Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Меџити: Анкетите ќе бидат клучен фактор за кандидатите на ВРЕДИ за локалните избори

Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека ВРЕДИ сè уште нема утврдени кандидатури за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека ВРЕДИ сè уште нема утврдени кандидатури за претстојните локални избори, бидејќи процесот на истражување на јавното мислење е во тек.

-Во моментов немаме точно утврдени имиња, бидејќи од страна на ВРЕДИ се ангажирани сериозни агенции за испитување на јавноста, каде што се обработуваат и темите, и програмите, но и кандидатите на ВРЕДИ за наредните локални избори. Анкетите ќе бидат едни од клучните фактори за ориентација за кандидатурите, изјави Меџити, по отворањето на Македонскиот енергетски форум – MEF25 денеска во Скопје.

Тој посочи дека „албанскиот кампус“ на локалните избори ќе се натпреварува како две политички опции.

Реклама

-Веќе е искристализирано, во албанскиот кампус има два блока – ВРЕДИ и ДУИ, така што ние на локалните избори ќе се натпреваруваме како две политички опции, нагласи тој.

Додаде дека Арбен Таравари е веќе дел од ДУИ и неговото политичко позиционирање е јасно.

-Во однос на Таравари, тој е веќе дел од ДУИ, дел од тој блок, и може да увидите дека ако претходно беа посебните листи за советници, за да испадне од ВРЕДИ, веќе ги заборавил тие листи, туку секојдневно соработува со ДУИ и се спремаат заедно да настапат на избори, рече Меџити.

Според вицепремиерот, оваа поделба на политички опции во албанскиот кампус е здрава за едно демократско општесто.

-Како и да е, Албанците во Македонија имаат две опции, конкуренција на платформи и програми, и тоа мислам дека е здраво за едно демократско општество, рече тој.