Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Мециновиќ: Време е да се отвори долгопотребната јавна дебата за суштински измени во Изборниот законик

На прес-конференцијата, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека свежите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На прес-конференцијата, пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека свежите искуства од последниот изборен процес уште еднаш ја потврдија потребата од темелни, а не козметички измени во Изборниот законик. Тој нагласи дека хроничните слабости во системот со години се провлекуваат од избори во избори, а секој нов циклус само ги нагласува пропустите, стои во соопштението од Левица.

„Ова не е закон за партиите, туку е закон за граѓаните“, рече Мециновиќ, потенцирајќи дека изборните правила ја обликуваат највисоката демократска алатка: правото да се избира и да се биде избран.

Како член на Комисијата за политички систем, Мециновиќ најави иницијатива за организирање јавна расправа која мора да ги вклучи сите релевантни општествени чинители: граѓанскиот сектор, академската заедница, медиумите и меѓународните мисии како ОБСЕ, кои со години укажуваат на проблеми во изборната рамка. Тој се осврна и на случаите на непропорционални услови за кандидатите, нотирани и во извештаите на ОБСЕ, особено во делот на платеното политичко рекламирање, каде што малициозното толкување на одредби доведе до сериозна неправичност.

Реклама

Во услови на длабока поларизација и блокада на опозициски предлози, Мециновиќ истакна дека Собранието мора навремено да ги отвори прашањата поврзани со изборната регулатива, наместо повторно да се носат ад хок решенија непосредно пред избори. Потребни се јасни правила, реформа на изборната единица, фер формули за рекламирање и стабилен изборен систем кој нема да дозволи десетици илјади гласови да пропаѓаат. „Време е гласот на граѓаните да биде ставен во центарот“, порача Мециновиќ, најавувајќи дека Левица ќе ја иницира дебатата и ќе учествува во сите работни тела за суштински реформи на изборниот процес.