Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Меџити: Продолжуваат инвестициите во инфраструктурата – започнува проектот за улицата „Дижонска 15“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го означи почетокот на работите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го означи почетокот на работите за подобрување на инфраструктурата на улицата „Дижонска 15“.

Проектот, како што информираат од локаланата самоуправа, опфаќа целосна интервенција во водоводната мрежа и фекалната канализација, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа зона. Во рамки на проектот ќе се реализира реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и 25 приклучоци за домаќинствата, додека паралелно ќе се изврши и реконструкција на фекалната канализација во должина од 180 метри.

-Инвестираме во основната инфраструктура, таму каде што влијанието е директно врз животот на граѓаните. Со овој проект обезбедуваме подобри услови и повисок стандард на живеење за жителите од оваа зона- изјави Меџити.

Реклама

По завршувањето на подземните работи, улицата „Дижонска 15“ ќе биде асфалтирана, со што овој дел ќе стане пофункционален и поуреден за граѓаните. Оваа инвестиција се реализира со средства обезбедени од Владата, во рамки на првиот повик за поддршка на локалната инфраструктура.