Реклама
Македонија

Меља: Почит кон значајниот придонес на ромската заедница во животот на Дебар

Градоначалник на Дебар, Фисник Меља, на своите сограѓани Роми, го честиташе меѓународен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалник на Дебар, Фисник Меља, на своите сограѓани Роми, го честиташе меѓународен ден на Ромите, изразувајќи почит и благодарност за културата, традицијата и значајниот придонес на ромската заедница во животот на градот. 
 
-Ромската заедница е важен дел од нашето општество, со континуиран придонес во културниот и социјалниот развој. Овој ден нè потсетува на важноста на еднаквоста, почитта и соживотот како темелни вредности за праведно и инклузивно општество, стои во честитката. 
 
Нагласува дека останува посветен на поддршка на интеграцијата, образованието и благосостојбата на ромската заедница, обезбедувајќи еднакви можности за сите граѓани. 
 
Во Дебар живеат над 1500 припадници на ромската заедница.