Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Меџити: Вреди сега е единствена партија на Албанците што ја има од Липково до Струга, Фетаи и Лимани се самоелиминираа

Гласачите бараа да не видат како една партија и голем чекор е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гласачите бараа да не видат како една партија и голем чекор е од петмина лидери партијата да има двајца копретседатели. Вреди сега е единствена републичка партија од Липково до Струга, ДУИ има само три општини, АА само две општини, изјави вечерва Изет Меџити, копретседател на Вреди и градоначалник на Чаир. 

Меџити рече дека многу луѓе им се приклучуваат, но дека тој не треба да објаснува зошто Арбен Фетаи и Фатмир Лимани, министри во Владата, заминуваат од Вреди. Тој рече дека тие ќе бидат реконструирани наскоро. Смените во Владата, како што кажа, ќе бидат на крајот на мај или почетокот на јуни.

– Тие се самоелиминираат од Вреди, рече Меџити и кажа дека не знае зошто Фетаи иако е министер во Владата не знае зошто не доаѓа на работа. Во однос на ДУИ рече дека Вреди не цели звучни имиња од опозициската партија да дојдат кај нив, туку да привлечат експерти.

Реклама

Запрашан за нашата европска интеграција, Меџити рече дека ние не стоиме лошо во однос на реформите и дека премиерот Христијан Мицкоски е европски настроен, ги сака европските вредности и оти „сите треба да помогнеме да се најде решение“ на главната пречка. Според него, за решавање на ова прашање потребни се 80 пратеници, а тие имаат само 11, но исто така треба да се вклучат и ЕУ, САД, медијатори…

Главните цели на Вреди се фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична соработка и посилна улога на општините во средното и основното образование. Тоа што општините должат пари, според Меџити, не значи дека не треба да се работи на фискална децентрализација. Како пример ја посочи општина Охрид која била една од најзадолжените општини, а сега тоа го има надминато, а Гостивар е задолжена од други причини и за тоа треба да се праша зошто е тоа така. Во интервјуто за Топ Тема тој вели дека од проектите од унгарскиот кредит граѓаните ги почуствувале ефектите, бидејќи за тие проекти се правела двојна проверка и во општините и во владата. 

За фискалната децентрализација, Влен предлага таа биде за сите 80 општини, а Меџити признава дека има политички мотиви и дека сакаат зајакнување на децентрализацијата која е дел од Рамковниопт договор. Но, додава дека тоа е барање и на ЗЕЛС. Според него, во земјата треба да има 50-60 општини по бројот на жители и територијата. 

Коментирајќи ја одлуката на обвинителството за организиран криминал за прекинување на истрагата за ТЕЦ Неготино, Меџити рече дека ова покажува и докажува дека треба длабока реформа во судството и обвинителството. – На крај уште ќе треба и да им се извиниме, рече тој. 

Во однос на Законот за игри на среќа, рече дека тој бил еден од столбовите на Вреди и оти сега со овој закон казината ќе треба да бидат 500 метри подалеку од училиштата, а во Чаир, според него, можеби нема да има ниту една. Исто така, додаде тој, ќе има построги правила за рекламирање, но треба да имаме предвид дека во оваа индустрија има и вработени.  – Нашите градови веќе нема да личат на Лас Вегас, рече Меџити. 

За законот за правична застапеност рече дека „е при крај“. Меџити кажа дека тој бил во Венецијанска комисија и сега е вратен до Владата, а неговото носење е „прашање на денови“.