Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“

„Идентитетот, културата на меморија, наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“ е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Идентитетот, културата на меморија, наследството, туризмот или безбедноста во дигиталната ера“ е тематскиот наслов на годинашното издание на меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2026“, што во организација на Центарот за напредни истражувања ќе се одржува од денеска во Охрид.

На научниот собир организиран во партнерство со Филмската академија од Охрид,  Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство на Азаербејџан и Универзитетот од Ајдин, Турција ќе бидат презентирани 70-тина трудови од 90-тина учесници од 15 држави.

Отворањето на собирот е предвидено за денеска во амфитеатарот на Универезитетот „Свети Апостол Павле“, додека работните сесии ќе се одржуваат во просториите на Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Куќата на Григор Прличев.

Реклама

Годинашното издание на конференцијата е посветено на д-р Ахмет Ајтач од Измир, еминентниот универзитетски професор и уметник чии научни и уметнички дела имаат оставено силен белег во академскиот и уметничкиот свет на Балканот, Анадолија, Кавказието и Средниот Исток.