Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МД „Илинден“-Тирана: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, преку соопштение за јавноста  ги отфрла како „неосновани и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, преку соопштение за јавноста  ги отфрла како „неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во  емисијата ‘Студио Actualno Балкани’ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, туку со манипулација, асимилација и криминал“.

Се  оценува дека станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија.

-Во споменатата емисија  Талури,  директно ја напаѓа македонската  партија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) и нејзиниот претседател. Овие емисии претставуваат продолжение на долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и македонскиот идентитет, стои во соопштението.

Реклама

Се додава дека Ервис Талури, роден и израснат во Албанија, од татко Албанец и мајка Македонка, по целосно школување, финансирано и организирано од бугарската држава – од средно образование до докторски студии – денес се враќа во Албанија како „експерт“ за бугарско малцинство, со задача да ги негира Македонците, да ја напаѓа македонската партија и да ја релативизира вистината.

-Таквата политика, која користи методи од 19 век, е спротивна на европските вредности и основните човекови права.  Но јавноста мора да знае: зад оваа пропаганда стои добро организиран механизам. Друштвото за бугарско-албанско пријателство со години е поврзано со бизнисот со бугарски пасоши, каде од албански граѓани се наплаќаат илјадници евра за „докази за потекло“, лажни потврди и посредување. Овој криминален модел не е тајна – за него имаше апсења и во самата Бугарија и Албанија, а дел од инволвираните лица завршија и на меѓународни црни листи, се нагласува во соопштението, потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај.

Од друштвото порачуваат дека „ и покај притисоците со кои сме постојано соочени – преку разни методи, ќе продолжиме одлучно да се бориме против негацијата на македонскиот идентитет од страна на бугарските оркестрирани структури, како во Албанија, така и во европските институции“.