Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

МД „Илинден“-Тирана 17 години во мисија за заштита и афирмација на македонскиот идентитет во Албанија

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, чија главна мисија е заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски идентитет во Република Албанија, денеска одбележува 17 години од формирањето.

– На денешен ден 2009 година нашето друштво е регистрирано во Основниот суд во Тирана. Во изминатите 17 години посебно внимание им посвети на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа, Гора и Врник. Како претседател на друштвото заедно со моите соработници, имавме можност да оствариме бројни работни и официјални посети, да се сретнеме и да соработуваме со владини институции, како во Република Албанија, така и во матичната држава Република Македонија, како и со меѓународни организации, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. 

Додава дека при сите реализирани средби разменети се мислења за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. 

Реклама

Иако не секогаш наоѓаме заедничко или задоволително решение за одреден проблем, вели Ѓурѓај, сепак, должна благодарност искажува на сите државни институции во Република Албанија, и во матичната држава Македонија и низ светот, посочувајќи дека „остануваат посветени на борбата за правата на македонско национално малцинство во Република Албанија, за унапредување на положбата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност“.

-Сакам да ги повикам сите државни институции, политички партии и невладиниот сектор во Република Албанија и во матичната држава Македонија да дадат поддршка на Македонците во Република Албанија, поддршка во континуитет за решавање на проблемите со кои се сочуваме и да спречиме асимилацијата од Бугарија. Ги повикувам институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет и македонското културно наследство. Посебно благодарност сакам да упатам до сите што го помогнале друштвото во овие 17 години, посочува Ѓурѓај.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при унијата. Како активен партиципиент во ФЕУН, членови на Друштвото досега учествува на сите конгреси и поднесува резолуции, што придонесува да биде рамноправен член и силен глас на македонското национално малцинство во ФУЕН. 

-Оваа година, првпат во Република Албанија, нашето друштво ќе биде организатор и домаќин на семинарот на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) активност што се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство во Европа. Тоа за нас претставува голема чест и секако признание за активноста на и историски чин за Македонците во Република Албанија, оценува Ѓурѓај.

Од особено значење за работата и информирањето за активностите на друштвото, според Ѓрѓај,  е објавувањето на весникот „Илинден“ кој покрај печатеното има и електронско издание, чиј прв двоброј излезе од печат во Март 2011 година во Тирана, и единствен весник на Македонците во Република Албанија, што излегува во печатна и електронска верзија. 

Македонскиот весник „Илинден“ е стандардизиран според меѓународните норми со ISSN 2522-6282. Македонски весник “Илинден” е дел од три агрегатори на вести time.mk, grid.mk , daily.mk и vesti.mk. Македонски весник “Илинден” е член на платформата Алијанса за етички медиуми (АЕМ) каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија.

-Се гордеам со работата и постигнувањата на друштвото, посакувам  да му се множат годините а за неговите постигнувања оставаме повеќе да каже историјата. Сакам да порачам дека Македонците во Република Албанија и Албанците во Македонија се мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави, порачува Ѓурѓај по повод 17- годишнината од основањето на МД „Илинден“- Тирана.