Реклама

Мицкоски со порака до политичките ривали: Никогаш нема да се откажам од борбата да ја направиме Македонија подобро место за живеење- наш дом и наша иднина

Силјановска Давкова: Никој не ни ја подарил слободата, затоа никој нема право да ни ја ревидира историјата

Николоски од Крушево: Историската борба за државност денес ја продолжуваме со развој и инвестиции

Секоја генерација има свој Илинден: Нашата има обврска да ја зачува душата, да се избори за човековиот дух

ЦУК: Заклучно со 13 часот на територијата на државата се регистрирани 13 пожари

Кризна состојба поради зголемена опасност од пожари

Мицкоски: Растот на индустријата и намалениот јавен долг се добри вести за граѓаните и успеси за државата

Мицкоски: Новите 47 социјални станови во Дебар се нов почеток за многу семејства

Мицкоски: Наскоро бактериолошки исправна вода за пиење во Гостивар

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Македонија

Мажите се само со тестостерон, за разлика од „бурата“ кај понежниот пол: Зошто да се карате со жената, кога на крај пак ќе се извинувате

– Мажите се многу поедноставни суштества од жените и за тоа има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Мажите се многу поедноставни суштества од жените и за тоа има биохемиско објаснување. Докторка Снежана Радовиќ, која е и советник за психотерапија објаснува дека причината лежи во хормоните. Мажите имаат само тестостерон, а жените покрај овој хормон, ги имаат и естрогенот и прогестеронот. 

– Замислете како изгледа кога сите тие хормони истовремено влијаат врз емоциите. Тоа може да биде како возење на ролеркостер. Затоа мудриот маж знае дека понекогаш треба да почека да помине емоционалната бура, а дури потоа да разговара. Не се разговара среде пожар, туку откако пожарот ќе биде изгаснат. И она што е многу важно – секогаш разговарате со голема почит и меѓусебно уважување, затоа што тој е ваш избор. Оти најлесно е „ќе отворам нова продавница, па на некоја распродажба ќе видам некој нов – вели докторка Радовиќ во поткастот „Повеќе од животот“, каде заедно со професорот Мирослав Пујиќ, социолог, антрополог и теолог разговараат на тема „Бракот не е потрошна роба“.

На сличен став е и професорот Пујиќ кој не гледа смисла во кавгата со жена.

Реклама

Зошто ние, мажите влегуваме во расправии кога знаеме дека на крајот повторно ќе треба да се извиниме? Што добиваме со тоа? На крајот повторно ќе мораш да ѝ се приближиш, да разговараш и да се извиниш. Понекогаш е подобро на почетокот да премолчиш. Треба да знаеш дека жената сака да го каже она што го чувствува. Сослушај ја, прегрни ја и покажи ѝ љубов, наместо веднаш да се расправаш – вели Пујиќ.

Мудроста на жената, пак, според двајцата е во тоа да му остави простор на сопругот да преземе одговорност и да носи одлуки.

– Жени, немојте постојано да ни повторувате едно исто. Ако нешто го кажете 100 пати, за нас тоа звучи како да сте го кажале милион пати. Ние сакаме да се чувствуваме способни, така нè создал Бог – да бидеме оние кои создаваат, обезбедуваат и придонесуваат за домот – порачува професор Пујиќ.

Според професорот Пујиќ, бракот е сојуз меѓу мажот и жената, а не договор што значи дека двајцата треба да се сојузници и да се поддржуваат и помагаат меѓусебно. Пујиќ вели дека мажот и жената во бракот се еднакви, но дека имаат различни улоги и функции. Кога секој ќе ја исполни својата улога и одговорност,  имаме среќно семејство. 

– Светото писмо вели дека бракот е една од првите установи што Бог ги воспоставил. А установа значи дека постои цел, постои смисла, постои темел и постои насока. Сè што е поврзано со една установа има своја цел и смисла. Бракот е установа меѓу мажот и жената и претставува сојуз. Тоа не е договор. Денес, всушност, сè повеќе гледаме дека луѓето склучуваат договори меѓу себе за заеднички живот. Постојат дури и предбрачни договори во кои однапред се определува што кому му припаѓа и како ќе се дели имотот во случај на развод. Има предбрачни договори, договори, дополнителни договори – сè е засновано на правни клаузули кои треба да ги заштитат двете страни – појаснува Пујиќ.

Во бракот, вели Пујиќ, не постои само „јас“, туку постои „ние“, ако едниот минува низ тежок период, другиот ќе преземе повеќе обврски и ќе му помогне додека не закрепне. Сликовито прикажувајќи го бракот како механизам, Пујиќ вели дека запчаниците понекогаш се трошат, но ако имаат добро „масло“, а тоа е љубовта, тогаш механизмот ќе продожи да работи. 

– Љубовта не е само чувство, љубовта е дисциплина, љубовта е секојдневна одлука. Тоа е агапе – љубов што останува и кога не е лесно. Не љубиш затоа што некој го заслужил тоа, туку затоа што така го чуваш и сопственото срце. Во секоја заедница понекогаш е потребно да простиме, пред сè, заради себе. Тоа е за наше добро – порачува Пујиќ.

Проблемот, според него, настанува во оној момент кога се оди во крајност и кога почнува да преовладува мислата: „Не ми требаш, можам и без тебе“. Токму во тоа што на бракот се повеќе се гледа како на договор меѓу две страни кои имаат свои права и обврски, а не како на сојуз меѓу две личности, Пујиќ ја гледа причината поради која денес бракот се потешко опстојува. 

Бракот не е потрошна роба. Денес многумина на бракот гледаат како да е направен од пластика – ако се скрши, едноставно ќе го заменат. Но, бракот е од порцелан. Ако се скрши, може повторно да се залепи. Тоа се прави со љубов – љубов што простува и останува верна – нагласува Пујиќ, додавајќи дека сепак не треба да се остане во насилен и опасен однос во бракот. 

Според докторка Радовиќ, се помал број луѓе се подготвени да се откажат од својот егоцентризам и да се посветат на негување на институцијата брак. Проблемот, вели таа, е што живееме во време на силен индивидуализам и себичност и што многу малку луѓе се подготвени на компромис.

– Не велам дека секој од нас не треба да има свое одредено ниво на слобода, но истовремено треба да чувствуваме и одговорност кон она што се нарекува брак и семејство кое е основната клетка на општеството. Проблемот е што живееме во време на силен индивидуализам и себичност. Често слушаме: „Јас не можам ова“, „Јас не сакам тоа“, „Јас заслужувам нешто подобро“ и тогаш се создава впечаток дека некаде постои некој подобар, поубав или посовршен партнер, па заедницата лесно се прекинува. Поразителен е податокот дека денес, во Белград, речиси две третини од склучените бракови завршуваат со развод – вели Радовиќ.