Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Матичната комисија ги поддржа измените на Законот за правото на заедниците кои се помалку од 20 проценти

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со девет гласа „за“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, денеска констатираше дека предлогот на Законот за изменување и дополнување на законот за правото на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Македонија е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање пред пратениците.

Овој предлог на закон, комисијата го разгледа како матично тело, на денешната 41 седница, чиј предлагач е Владата преку Министерството за односи меѓу заедниците и министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ. Претседателот на комисијата, Љупчо Пренџов по гласањето рече дека ќе се даде на понатамошно читање во Собранието, а за известител на собраниската седница беше определена пратеничката, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред присутните пратеници на комисијата, претставникот на предлагачот, заменик министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа кажа дека предлог законот пратениците го имаат во писмена форма во однос на именувањето на директот, заменикот и други технички формулации, за кои кажа дека се соодветни на општите законски прописи.

Реклама

За овој предлог немаше расправа, а претходно беше усвоен и записникот од 40-тата седница.