Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Свет

Маск најави дека ќе ја намали својата улога во владата на Трамп откако паднаа приходите на „Тесла

Илон Маск кажа дека ќе ја намали својата улога во владата на…

Сподели:

Илон Маск кажа дека ќе ја намали својата улога во владата на Доналд Трамп откако профитот и приходите на неговата компанија „Тесла“ значително паднале во првите три месеци од оваа година. Тој исто така се соочи со големи критики откако стана важна политичка личност во Белата куќа.
„Тесла“ вчера објави пад на приходите од 20% во првиот квартал од годината во споредба со истиот период лани, како и намален профит од дури 70%. Компанијата ги предупреди инвеститорите дека падот би можел да продолжи, додавајќи дека менувањето на политичкото расположение ја погодува побарувачката.
Маск призна дека ја запоставил компанијата поради обврските во владата. Тој вложи повеќе од 250 милиони долари во предизборната кампања на Трамп и потоа дојде на чело на новоформираниот оддел за владината ефикасност (ДОГЕ), чија задача е намалување на федералното трошење и кратење на администрацијата.
Неговата политичка ангажираност доведе до протести и бојкоти на „Тесла“ низ светот. Новите американски царини за Кина исто така негативно се одразија врз „Тесла“. Иако возилата на „Тесла“ се составуваат во САД, многу делови се увезуваат од Кина.“