Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Маск му се закани на Трамп: „Ќе ве урнам, ако треба и по цена на сè“

Се распламтува политичкиот конфликт во врвот на американската моќ – поранешниот сојузник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се распламтува политичкиот конфликт во врвот на американската моќ – поранешниот сојузник и донатор на Доналд Трамп, милијардерот Илон Маск му објави отворена војна на американскиот претседател.

Повод е новиот закон за сечење трошоци и субвенции, кој Трамп го промовира како „голем и прекрасен закон“, а Маск го нарекува „луд и деструктивен“. Конфликтот кулминираше со заканата на Маск дека ќе ги „урне“ конгресмените кои ќе гласаат за законот, дури и ако, како што рече, тоа му биде „последното нешто што ќе го направи на Земјата“.

Маск најави и формирање на нова политичка партија – „Американската партија“ – доколку законот биде усвоен. Во одговор, Трамп го обвини Маск дека добил „најмногу државни субвенции од било кој човек во историјата“ и предложи неговиот оддел за ефикасност „ДОЏ“ да ги провери сите бенефиции што компаниите на Маск ги користеле од федералниот буџет.

Реклама

„Можеби без тие пари Маск ќе требаше да ја затвори својата продавница и да се врати во Јужна Африка“, напиша Трамп и додаде: „Можеби ќе треба да ги стопи своите ракети, да запре со автомобилите и да заштедиме многу пари“.

Соработката меѓу двајцата – која резултираше со скоро 300 милиони долари поддршка за кампањата на Трамп – сега изгледа мртва.