Илон Маск објави дека ја напушта владата на Доналд Трамп откако ги предводеше нејзините напори за намалување на администрацијата, при што беа отпуштени илјадници сојузни службеници. Во објава на Икс, Маск му се заблагодари на Трамп за можноста да го води Одделот за владина ефикасност.
Белата куќа соопшти дека Маск од синоќа веќе не е специјален владин службеник. Неговата улога беше привремена и излегувањето од владата не е неочекувано, но уследи еден ден откако Маск го критикуваше новиот закон за буџетот, за кој кажа дека ќе го зголеми дефицитот и ја поткопува работата на Одделот за владина ефикасност.
