Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Масакр во средно училиште во Канада

Масакр во градот Тамблер Риџ, Канада. Џеси Стренг за која медиумите објавија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масакр во градот Тамблер Риџ, Канада. Џеси Стренг за која медиумите објавија дека е трансродово лице, влегла во средно училиште и почнала да пука. Иако полицијата сè уште официјално не го објавила идентитетот на напаѓачот, според локалните жители таа наводно најпрво ги убила мајка си и братот, па следувал нападот на локалното средно школо. Шестмина се пронајдени мртви во училиштето, а  уште едно лице починало на пат кон болница. Повредени се повеќе од 25 луѓе, од кои двајца се во сериозна состојба.

Локалците го опишуваат напаѓачот како трансродово лице, повлечено и мирно. Тие раскажуваат за кобниот момент. Велат дека траумата што ја доживеала заедницата е огромна, а за малото градче потенцираат дека до сега било исклучително безбедно место.

На почетокот мислев дека станува збор за некаква вежба. Но кога почнаа да се шират информации и сфативме колку е сериозна ситуацијата, ги барикадиравме вратите, ставивме железни маси пред нив и останавме во просторијата околу два часа. Цело време бев на телефон со мајка ми. По околу два и пол часа, полицијата влезе и им нареди на сите да ги кренат рацете, по што нè изведоа надвор од зградата.“- вели Даријан Квист, ученик во средното училиште.

Реклама

Трагедијата што се случи е голем предизвик. Ги познавам овие деца. Ги гледав како растат, комуницирав со нив, ги гледав на спортски настани, ги гледав насекаде. И сознанието дека повеќе нема да ги видам, дека повеќе нема да ги гледаме, и дека нивните семејства треба да живеат со загуба што не можам ни да ја замислам…Самата помисла дека нешто може да му се случи на моето семејство е речиси неподнослива.“- вели советникот на општината, Крис Норбери.

Надлежните најавија дека во наредните денови ќе објават дополнителни информации.

„Побаравме трпение. Разбираме дека жителите на Тамблер Риџ сакаат да знаат сѐ што е можно и да разберат што се случило. Нашите тимови работат на терен. Веќе известивме дека заедницата е безбедна и сигурна и дека заканата од овој инцидент е завршена. Сепак, нашата работа за директно засегнатите и за заедницата како целина продолжува. Ќе обезбедуваме информации колку што е можно почесто и што е можно подетално“– вели Дејвид Еби, премиерот на Британска Колумбија.

Истрагата за овој масакр е во тек.