Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Мартина Михајлова и Александар Пендароски избрани за невеста и зет на Галичката свадба 2026

Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на  Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации.

Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник“.

-Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката тешка и особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник –  место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност. Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар. За нив ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените, се наведува во соопштението на МЗ Галличник.