Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Бизнис

Маркетите ќе мора да ги објавуваат цените- Собранието ги донесе измените на законот за потрошувачи

Повтинија лебот, млекото, јогуртот, јајцата и стотици други производи. Трговците ги намалија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повтинија лебот, млекото, јогуртот, јајцата и стотици други производи. Трговците ги намалија цените за над 1.000 прозиводи. Дел од нив, сепак, повторно се обидуваат неосновано да ќарат па поскапеа дел од производите кои не се опфатени со владината мерка, како на пример некои видови пиво и чоколадо.

На цените треба да влијааат и измените на законот за потрошувачи кои минаа во Собранието. Со нив им се наложува на трговците на дневно ниво на интерент да ги објавуваат цените на производите.  Ослободени од ова ќе бидат само микротрговците и оние кои се регистрирани како трговец поединец.

Законот е донесен со цел заштита на животниот стандард. Односно, граѓаните ќе ги знаат цените на производите и ќе можат полесно да ги споредуваат. Со тоа се очекува да се зголеми и конкуренцијата.

Реклама

Трговците имаат рок од 45 дена да се прилагодат на законското решение.  Контролата ќе ја врши пазарниот инспекторат.  Според владејачката ВМРО – ДПМНЕ, ова е трета мерка која ја носи Владата и ќе продолжат во насока на заштита на потрошувачите.  Законот дозволува и да се креираат апликации преку коишто ќе можат да се прават директни споредби врз основа на објавените цени.

Дополнително се најавува дека ќе има ревизија на цените во белата техника, и на цените на аптеките со цел да се утврди зошто македонските граѓани пазарат поскапо во однос на земјите во регионот.

Опозицијата го критикуваше законското решение кое го предложи владата, но во собрание ниту предложија амандман, ниту учествуваа во расправата.

СДСМ предложи нивно законско решение кое не помина а кое предвидуваше намалување на ДДВ-то за струја од 18% на 5%, и укинување на ДДВ-то за храна игнорирајќи го фактот дека кога тие беа на власт ДДВ-то на струјата и покрај сите предупредувања и од регулаторот и од енергетичарите дека не е време за тоа, се покачи од 10 на 18 отсто, а имаше и нагорни корекции на ДДВ за храната, некои обични прозиводи како мастики, чипс и сладолед станаа луксуз и почнаа да се даночат со повиоска стапка.