Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Маркетите имаат залихи за 30 до 45 дена, по проблемите, сега снабдувањето е редовно

Да не се крева паника, има доволно храна, особено на основните прехранбени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да не се крева паника, има доволно храна, особено на основните прехранбени продукти – смируваат маркетите. Имале доволно залихи за 30 до 45 дена. Апелираат граѓаните да бидат свесни, рационално да купуваат, но да водат сметка и да не го загрозат здравјето на вработените во продавниците. Ваквите апели доаѓаат откако во некои маркети беше забележан метеж, а некои од нив и го ограничија бројот на купувачи кои можат да пазарат во маркетот во ист момент и бројот на исти производи што можат да ги купат.

„Минатата недела имавме потешкотии за увоз на стока, но од вчера, благодарение на Владата, коридорите се ослободени од земјтие кои направија ограничувања. Веќе се регулирани коридорите од каде доаѓа стоката. Нема место за паника. Имаме залиха за 30 дена и тековно се носи стока. Бараме постојано контакт со соседните земји, за да нема застои на граничните премини, како и да се ослободат контингентите и царинските давачки за брашно, зејтин и шеќер, да има забрана за увоз од Србија каде цените се пониски“ – рече Џемаил Даути, сопственик на „Даути комерц“.

Цените да се вратат на нивото од 11-ти март кога СЗО прогласи пандемија на Ковид 19 – им наложи Владата на супермаркетите и продавниците. Тие треба да ги замрзнат цените на основните прехранбени продукти како лебот, солта, зејтинот, млечните производи, брашното, јајцата, месото, тестенините, лековите, средствата за дезинфекција. Одредбата нема да важи само за оние кои ќе имаат доказ за зголемени влезни фактури. Владата донесе ваква одлука откако многу граѓани се пожалија дека се покачени цените на основните продукти, но и на маските и дезинфекционите средства.

Реклама

„Во постојан контакт сме со добавувачите и правиме максимални напори за снабдување на дефицитарните производи. Апелирам дека нема потреба од паника, работиме интензивно. Сите потреби ќе бидат намирени“ – рече претставникот од „Веро“, Петар Денковски.

Инспекторите интензивно ќе ги посетуваат маркетите за да утврдат дали тие навистина ќе продаваат по исти цени. Ќе се вршат контроли и во магацините и дистрибутивните центри за да ја утврди ситуацијата за можни скриени залихи на основни прехранбени производи. Се прават редовни контроли и на другите продажни објекти – уверува првиот човек на Пазарната инспекција. Вчеравечер немало многу прекршувања, но завчера вечер беа затворени 7 угостителски објекти на северот на Скопје. Директорот Пауновски вели дека се уште има фирми кои се трудат да ја изиграат владината забрана.

Тања Попова