Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Маринакис: Регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини

Регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулативата ЕЕС им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуални притисоци на граничните премини, а Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите одговарајќи на прашањето во однос на тоа дали постои размислување во Владата за евентуално одложување на имплементацијата и за државјани од балканските земји, како што беше случај со британските туристи.

Целосната имплементација на системот со биометриска контрола на патниците, создаде проблеми и редици и на граничниот премин Евзони-Богородица за влез во Грција, а пред две седмици реагираа и од Унијата на полицајци од Килкис, кои преку соопштение рекоа дека е „срамно и неприфатливо она што се случува на граничните премини поради ЕЕС системот“.

Портпаролот на грчката Влада денеска рече дека според надлежните служби на полицијата „системот за влез и излез се имплементира од 12 октомври 2025 година на сите гранични пунктови во земјата, вкупно 99“.

Реклама

– Функционирањето на конкретниот систем создаде разни предизвици во сите земји-членки на Европската Унија како и во нашата земја што се должат на различни причини, како на пример објектната инфраструктура, доволен број вработени. Регулативата ЕЕС (Entry/Exit system) им дава различни алатки и можности на земјите-членки за справување со евентуалните зголемени притисоци на граничните премини. Во истиот контекст, Грција ќе ја оценува состојбата на поединечните гранични пунктови за влез и излез и ќе ја преземе соодветната мерка предвидена од горенаведената регулатива со цел од една страна да се опслужува зголемениот број патници, а од друга страна да сме усогласени со правилата и барањата на регулативата, објасни Маринакис.

Пред десет дена од грчката полиција соопштија дека „Грција успешно го започна целосното функционирање на Системот за влез-излез (Entry-Exit System), со регистрација на државјани на трети земји“.

– Грција ги презема сите неопходни мерки за управување со зголемениот патнички сообраќај на граничните премини, во рамките на Регулативата (ЕУ) 2017/2226, соопштија од грчката полиција на 20 април.

Минатата седмица туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година, а ослободување од ЕЕС-проверки при патување во Грција во текот на летните одмори побара и Националното здружение на туристичките агенции на Србија (ЈУТА).